Утрински Весник
Свет

Руски суд парично ја казни платформата Телеграм затоа што одбила да отстрани содржини

Telegram.webp.webp

Московски суд ја казни комуникациската платформа „Телеграм“ со седум милиони рубљи (80.000 долари) затоа што одбила да ја отстрани содржината што ја опишала како повик за терористички напади и учество во протести чија цел е соборување на руската Влада, јавија британските медиуми.

Телеграм не успеа да отстрани „информации или канали кои содржат повици за акти на екстремизам“, се наведува во образложението на судската одлука со која се наметнува паричната казна.


Според руските медиуми, некои од каналите наведени во судската одлука содржеле повици за антивладини протести со цел соборување на владата, како и за терористички напади врз железничкиот транспорт со цел да им се пружи помош на украинските сили.

Социјалната платформа Телеграм, која е со седиште во Дубаи и е создадена од Павел Дуров, роден во Русија, има речиси една милијарда корисници и е исклучително популарна во Русија, Украина и другите поранешни советски републики.

Дуров се врати во Дубаи во март, откако помина неколку месеци во Франција по неговото апсење во август 2024 година и истрагата за употребата на Телеграм за криминални цели, вклучително и измама, перење пари и споделување слики кои содржат сексуална злоупотреба на деца.

Можете да прочитате

Администрацијата на Трамп предлага прекин на финансирањето на мировните мисии на ОН

„Њусвик“: САД треба да платат околу 2,2 милијарди долари за да го купат Гренланд

Син го убил татка си, го распарчил телото, па го пријавил како исчезнат – Хорор во Унгарија