Утрински Весник
Свет

Руски дронови погодиле два странски цивилни брода во регионот на Одеса

20260109205349 big 730x400 12.webp.webp

Русија со дронови нападна два цивилни брода под странско знаме во регионот на Одеса, при што загина еден сириски државјанин, а еден е ранет, соопшти денеска заменик-претседателот на украинската Влада, Олексиј Кулеба.

Еден од бродовите, кој пловел под знамето на Сент Китс и Невис, бил мета на нападот додека се движел кон пристаништето Чорноморск за да преземе жито. Вториот брод, под знаме на Коморските Острови, превезувал соја и бил нападнат во близина на пристаништето во Одеса.

– Ова е уште еден показател дека Русија намерно ги таргетира цивилните објекти, меѓународниот бродски сообраќај и логистиката на храна, истакна Кулеба.

Според украинските пристанишни власти, во текот на изминатата година се забележани 96 руски напади врз пристаништата во областа на Одеса, што е речиси тројно зголемување во однос на 2024 година.

Можете да прочитате

Венецуела сака повторно да воспостави дипломатски односи со САД

Над 60 загинати во протестите во Иран

Британија и Украина потпишаа „Стогодишно партнерство“ во одбраната