Утрински Весник
Свет

Руски авион случајно истрелал муниција врз својот град

Руски авион случајно истрелал муниција врз својот град

Руски воен авион случајно испукал муниција врз градот Белгород во близина на границата со Украина доцна синоќа, предизвикувајќи експлозија и оштетувајќи згради, јави руската новинска агенција Тасс, цитирајќи го Министерството за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Локалните власти известија за голема експлозија во градот веднаш преку границата со Украина. Регионалниот гувернер изјави дека се повредени две жени.

„Додека авионот Сухој Су-34 на Военото воздухопловство летал над градот Белгород, дошло до случајно испуштање на авијациска муниција“, соопшти Тасс, објавувајќи ги изјавите на Министерството за одбрана.

Су-34 е суперсоничен ловец-бомбардер. Не беше кажано за какво оружје станува збор. Министерството соопшти дека се оштетени некои згради и објави дека истрагата е веќе во тек.

Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, објавувајќи вонредна состојба, на Телеграм изјави дека на една од главните улици има кратер од 20 метри, без да прецизира што го предизвикало. Оштетени се четири автомобили и четири станбени згради, додаде тој.

На видео снимката од местото на настанот се гледаат купишта бетон на улицата, неколку оштетени автомобили и зграда со скршени стакла. На едно од видеата се гледа автомобил наопаку на покривот на една продавница.

Регионот Белгород е еден од неколкуте делови на јужна Русија каде цели како што се складишта за гориво и муниција беа потресени од експлозии од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Можете да прочитате

Стапија на сила повисоките царините на Трамп

Рубио: САД сега подобро ги разбираат условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина

Спречен заговор за убиство на Орбан