Утрински Весник
Свет

Руската управа го напушти вториот по големина град во регионот Херсон

Руската управа го напушти вториот по големина град во регионот Херсон

Руските денеска соопштија дека се повлекле од градот Нова Каховка, обвинувајќи ги украинските сили дека го гранатирале градот.

dobivaj vesti na viber

Нова Кахова е лоциран во јужна Украина и е во близина на стратешка хидроцентрала. Градот е на левиот, источен брег на Дњепар во регионот Херсон, од каде руските сили минатата недела се повлекоа пред украинската контраофанзива.

„Вработените во јавната администрација на Нова Каховка, во државните и градските институции исто така го напуштија градот и се распоредија на безбедно место“, соопшти од градската управа назначена од Москва.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги обвини руските сили за минирање на браната и делови од електраната, наведувајќи дека доколку дојде до експлозија, повеќе од 80 места ќе бидат поплавени.

Според Киев, уништувањето на таа инфраструктура би имало влијание и врз снабдувањето со вода на целиот јужен дел на Украина и би можело да влијае на ладењето на реакторите во нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, која црпи вода од вештачко езеро и брана од 18 милиони кубни метри.

Русите негираа дека ја минирале браната Каховка, нагласувајќи дека нејзиното уништување ќе го наруши водоснабдувањето на Крим.

Можете да прочитате

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра