Утрински Весник
Свет

Русин откри: „Во САД е создадена хибридна верзија на коронавирусот, уби 80 отсто од заразените“

Русин откри: „Во САД е создадена хибридна верзија на коронавирусот, уби 80 отсто од заразените“
Ss2

Хибридната верзија на коронавирусот, која ја комбинира верзијата омикрон со вирусот Вухан, беше развиена од истражувачи од Универзитетот во Бостон во октомври, тврди Игор Кирилов.

dobivaj vesti na viber

„Во октомври, Универзитетот во Бостон разви химеричен коронавирус врз основа на варијантата омикрон и оригиналниот вид Вухан. Хибридниот вирус развиен од Американците уби 80 отсто од заразените лабораториски животни, предизвикувајќи атипични невролошки симптоми и значителни повреди на белите дробови“, рече шефот на руските војници за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита генерал-полковник Игор Кирилов на прес-конференција во пресрет на деветтата конференција на Конвенцијата за биолошко оружје (BWC), пренесе ТАСС.

Ss1

Според Кирилов, „Бостонскиот експеримент“ покажува дека има недостиг од владина контрола во истражувањето на генетскиот инженеринг и синтетичката биологија во САД.

„И покрај високите биолошки ризици, истражувањето е спроведено со средства на американската влада, но без соодветно одобрение од националната биолошка служба за безбедност“, посочи тој.

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип