Утрински Весник
Свет

Русија воведува даночни олеснувања за мобилизираните граѓани

Русија воведува даночни олеснувања за мобилизираните граѓани

Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша владин декрет за мерки за поддршка на граѓаните кои се повикани на делумна мобилизација, пишува руската новинска агенција ТАСС.

dobivaj vesti na viber

Регулативата ги продолжува роковите за плаќање даноци (освен данок на доход) за мобилизираните граѓани и фирми, како и премиите за осигурувањето и различните поволности за целиот период на служба во рок од три месеци по завршувањето.

Дополнително, во тој период ќе бидат суспендирани даночните контроли на тие компании.

Можете да прочитате

Норвешка планира следната година да донира над 9 милијарди долари за Украина

Зеленски: Путин планира да регрутира 300.000 војници од периферијата по изборите

Зеленски не дава избори додека трае војната