Утрински Весник
Свет

Русија: Убивме повеќе од 150 украински војници за четири часа

Русија: Убивме повеќе од 150 украински војници за четири часа

Гувернерот на регионот Запорожје, назначен од Русија, тврди дека руските војници од 7 часот и 30 минути утринава убиле повеќе од 150 украински војници.

dobivaj vesti na viber

„Непријателот се обиде да влезе во Работино од север со бригади до 200 луѓе во оклопни возила од 7 часот и 30 минути“, напиша Балички Евгениј на Телеграм, а пренесува Скај њуз.

Тој додаде дека украинските сили биле пресретнати од руски оган, дека претрпеле огромни загуби и биле принудени да ја прекинат офанзивата. Тој рече дека во таа прилика руската армија за неколку часа убила 156 украински војници.

Можете да прочитате

Епидемија на ебола во Конго: Над 118 мртви, заразата се шири

Германија ќе инвестира милијарди евра во зајакнување на цивилната заштита

САД издаваат нова 30-дневна лиценца за привремен пристап до блокираната руска нафта