Утрински Весник
Свет

Русија тврди дека спречила голема украинска офанзива

Русија тврди дека спречила голема украинска офанзива

Руските воени власти соопштија дека спречиле голема украинска офанзива во регионот Доњецк.

dobivaj vesti na viber

„Целта на непријателот беше да ја пробие нашата одбрана на делот од фронтот што тој го сметаше за најранлив“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана во Москва, Игор Конашенков, пренесе ТАС.

Како што додаваат од руското министерство, Украина ја почнала офанзивата синоќа на пет дела од фронтот, а украинските вооружени сили загубиле повеќе од 250 војници. Ваквата информација не може да се потврди од независни извори.

Од Киев засега нема коментари.

Во текот на викендот, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена за контраофанзива за враќање на областите окупирани од Русија.

Можете да прочитате

Бербок: Израел по војната треба да се откаже од контролата врз Појасот Газа

Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница

Голем руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони