Утрински Весник
Свет

Русија сериозно му се закани на Западот: Ќе одговориме ако испратите муниција со осиромашен ураниум

Русија сериозно му се закани на Западот: Ќе одговориме ако испратите муниција со осиромашен ураниум

Руското Министерство за надворешни работи реагира на најавите дека Велика Британија може да ѝ достави на Украина муниција што содржи осиромашен ураниум.

dobivaj vesti na viber

„Москва нема да остане без одговор за намерите на Британија“, се вели во соопштението на МНР.

Тие се заканија со сериозни последици.

„Оваа одлука нема да остане без сериозни последици и за руско-британските билатерални односи и на меѓународно ниво, каде што првичната реакција на мултилатералните структури веќе укажува на целосно отфрлање на ваквите планови од страна на Лондон. Ние нема да ги оставиме таквите акции без одговор“, се вели во соопштението.

Да потсетиме, претседателот на Русија, Владимир Путин, вчера, по разговорот со Ши Џјинпинг, ги коментира најавите за можна испорака на муниција со осиромашен ураниум во Украина.

Путин го предупреди Западот дека Русија ќе реагира доколку „колективниот Запад почне да користи оружје со нуклеарна компонента“.

„Денес се дозна дека Велика Британија преку заменик-шефот на Министерството за одбрана на земјата најавила не само испорака на тенкови во Украина туку и гранати со осиромашен ураниум. Се чини дека Западот навистина одлучил да се бори против Русија до последниот Украинец и не само со зборови туку и со дела“, рече Путин, пренесе „Телеграф.рс“.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена