Утрински Весник
Свет

Русија се откажува од мораториумот за распоредување ракети со краток и среден дострел

Raketi Vojna.jpg

Русија ќе се откаже од предложениот мораториум за распоредување ракети со краток и среден дострел, откако САД почнаа да распоредуваат такво оружје, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Ја оценуваме ситуацијата врз основа на анализа на дестабилизирачките дејствија на САД и НАТО во стратешката сфера и соодветно на развојот на заканите што произлегуваат од тоа“, рече Лавров.


„Денес е јасно дека, на пример, нашиот мораториум за распоредување на ракети со краток и среден дострел повеќе не е практично одржлив и ќе мора да се напушти. САД арогантно ги игнорираа предупредувањата од Русија и Кина и распоредија оружје од оваа класа во различни региони во светот“.

Вашингтон се повлече од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел во 2019 година.

Русија тогаш објави дека нема да распореди такво оружје освен ако тоа не го стори и Вашингтон

Можете да прочитате

Украина го прекина транспортот на руски гас

Новогодишна честитка на Путин до Русите: „Се’ ќе биде во ред“

Поради дефект на мрежата, речиси цело Порторико во мрак