Утрински Весник
Свет

Русија: Полска намерно провоцира, ова нема врска со руско оружје

Русија: Полска намерно провоцира, ова нема врска со руско оружје

Министерството за одбрана на Русија се огласи во врска со ракетите и експлозијата во Полска.

dobivaj vesti na viber

„Пишувањата на полските медиуми и изјавите на официјални лица за наводниот пад на руски ракети врз селото Пржеводов се намерна провокација насочена кон натамошна ескалација“, се вели во соопштението.

„Немаше напади врз цели во близина на украинско-полската државна граница со руско оружје. Остатоците што ги објавија полските медиуми од местото на настанот во Пжевудов немаат никаква врска со руско оружје“, се вели во соопштението.

„Раша тудеј“ пишува дека полскиот воен експерт Јарослав Волски наводно покажал фотографија од местото на несреќата .

Тој посочил дека тоа би можело да биде руска крстосувачка ракета или украинска ракета за воздушна одбрана.

Во коментарите на социјалните мрежи, корисниците пишуваат дека фрагментот припаѓа на ракетата С-300, која е во служба на вооружените сили на Украина, пишува „Раша тудеј“.

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци