Утрински Весник
Свет

Русија почна со пробни лансирања ракети со нуклеарни бојни глави

20260506134617 big 730x400 1.webp.webp

На полигонот Кура, во рускиот далекоисточен регион Камчатка, денеска почнаа да се изведуваат ракетни тестирања на нуклеарните капацитети – јави „Анадолија“.

Вежбите ќе траат до 10 мај, објави регионалната влада.

На жителите им е забрането да влегуваат во областа.

Регионалните власти ги повикаа жителите строго да ги почитуваат безбедносните мерки и да не го посетуваат полигонот за обука или околните области за време на вежбите.

„Присуството и движењето луѓе и каква било опрема се забранети“, се наведува во соопштението за медиумите.

Пробниот полигон Кура е еден од клучните објекти под управување на Руските воздухопловни сили. Се наоѓа речиси 500 километри северно од Петропавловск-Камчатски, во мочурлива област покрај реката Озернаја.

Објектот се користи за вежби со гаѓање ракетни цели и тестирање разни видови ракетно оружје.

Уште од советската ера со децении полигонот служи како локација за тестирање на бојни глави од интерконтинентални балистички ракети лансирани од други полигони, вклучувајќи ги космодромот Плесецк и полигонот Капустин Јар.

Вежбите на полигонот Кура се одржуваат редовно, обично неколкупати годишно. Тие може да вклучуваат планирани тестирања нови ракетни системи, како и обука за борбени лансирања, што ги спроведува персоналот на Стратешките ракетни сили на Русија.

Можете да прочитате

Масовен руски напад со беспилотни летала: Украина собори 269 од 294 авиони

Иран: Вашингтон е во „состојба на збунетост“ околу конфликтот

Пентагон подготвува таен план, американските специјални сили се подготвени за инвазија на Иран