Утрински Весник
Свет

Русија изврши голем напад на Одеса: има загинати и ранети, се трага по преживеани

Русија изврши голем напад на Одеса: има загинати и ранети, се трага по преживеани

Најмалку три лица загинаа а 13 се ранети во руски напад на црноморското пристаниште Одеса, што се случил во текот на ноќта, при што биле погодени цивилни објекти, соопшти украинската армија.

dobivaj vesti na viber

Русија лансираше четири крстосувачки ракети кон градот, соопшти јужната команда на вооружените сили на Украина, пренесува „Ројтерс“.

Војската претходно соопшти дека два проектили биле уништени пред да ги погодат нивните цели.

„Како резултат на воздушни битки и експлозии, оштетени се деловен центар, образовна институција, станбен комплекс, објекти за храна и продавници во центарот на градот“, соопшти украинската армија на Телеграм.

Тројцата загинати лица работеле во магацинот на трговскиот синџир кога проектилот го погодил и предизвикал пожар, се наведува во соопштението.

На таа локација се ранети седум лица, а потрагата по урнатините се уште трае, соопшти армијата.

Украинската јужна команда предупреди дека луѓето се уште може да бидат заробени под урнатините на местата на нападот.

Војската објави и видео снимка и фотографии на кои се гледаат висококатници делумно урнати и скршени прозорци, како и пожарникарите кои се борат со пламенот во нешто што изгледаше како магацин, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Германија и Австрија ги замрзнаа сите барања за азил од Сиријците

Две лица го загубија животот, а девет се повредени во експлозијата во рафинеријата во близина на Фиренца

Tрамп: Зеленски сака мир, тоа е ново