Утрински Весник
Свет

Русија испрати систем за противвоздушна одбрана и 100 воени инструктори во Нигер

20240412074634 Big 730x400 38.webp.webp
300x250 (7)

Русија испрати систем за противвоздушна одбрана и 100 воени инструктори во Нигер, во Западна Африка, јави ДПА.

Воениот персонал од руското Министерство за одбрана треба да го инсталира системот и да ги обучи војниците на Нигер за неговата употреба, јави нигериската државна телевизија РТН (RTN) доцна синоќа.

300x250 (7)

На овој потег му претходеше телефонски разговор меѓу шефот на воената хунта Абдурахамане Тчиани и рускиот претседател Владимир Путин, на крајот на март, додава германската агенција. Двајцата разговараа за „зајакнување на меѓусекторската и сеопфатна стратешка соработка меѓу Нигер и Русија за справување со актуелните закани, особено на безбедносното поле“.

До воениот удар минатиот јули, Нигер беше последниот демократски сојузник на САД, Франција и другите европски земји во борбата против исламистичките милиции во регионот Сахел, каде што џихадистите и натаму имаат големо влијание.

Во март, хунтата ја прекина воената соработка со САД во борбата против тероризмот.

Германските вооружени сили управуваат со воздухопловна база во Ниамеј, чија иднина се уште е нејасна.

Државната телевизија прикажа слики од руски авион „Иљушин-76“ како слетува на аеродромот во Ниамеј.

-Тука сме да ја обучиме армијата на Нигер користејќи ја воената опрема што пристигна, рече маскиран маж со светла кожа во воена униформа со силно акцентиран француски нагласок.

Како и неговите соседи Мали и Буркина Фасо претходно, и Нигер се оддалечува од западните партнери, особено од поранешната колонијална сила Франција, и врти кон Русија. Сите три земји беа управувани од војската по државните удари.

Ss1

Можете да прочитате

Меѓународниот суд на правдата во Хаг одби да и нареди на Германија да ја стопира воената и друга помош за Израел

Трамп казнет со 9.000 долари поради коментирање сведоци во текот на судењето

Германија во страв од немири за време на првомајските протести