Утрински Весник
Свет

Русија ја отфрла мировната конференција во Швајцарија

20240327080621 Big 730x400 65.webp.webp
Ss2

Русија не гледа шанси Швајцарија да ги води напорите за обезбедување мир во Украина, изјави постојаниот руски претставник во Обединетите нации во Женева, Генадиј Гатилов, откако официјален Берн соопшти дека планира во следните месеци да организира мировна конференција на високо ниво за Украина, пренесоа британските медиуми.

Швајцарските власти соопштија дека е малку веројатно Русија да учествува, барем не на почетокот на преговорите.

300x250 (7)

-Засега не гледаме никаква можност Швајцарија да го преземе водството и да организира нешто, рече Гатилов.

Русија, која пред две години ја почна инвазијата врз Украина, соопшти дека швајцарската иницијатива е осудена на пропаст без учеството на Москва.

Гатилов кажа дека, иако Москва не е против преговорите за завршување на војната, нема да учествува во преговорите во Швајцарија, земја за која вели дека се откажала од неутралност во својот став за конфликтот.

Швајцарија усвои санкции на Европската унија против Русија поради инвазијата и замрзна околу 7,7 милијарди швајцарски франци финансиски средства на Русите, кои Гатилов ги опиша како „ограбени пари“.

-Затоа мислиме дека Берн, за жал, го девалвира својот статус на неутрална држава, рече рускиот дипломат.

Претседателката Виола Амхерд минатиот месец рече дека Швајцарија сака да ги покани земјите-членки на БРИКС, арапските држави и земјите од глобалниот југ на мировната конференција. Кина соопшти дека ќе размисли за учество.

Гатилов рече дека иницијативата е дизајнирана да ги натера тие земји да ја поддржат мировната формула на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за која рече дека е неприфатлива за Русија.

Ss1

Можете да прочитате

Повеќе од 34 илјади загинати Палестинци во Појасот Газа

(ВИДЕО)Во Турција приведени 36 лица осомничени за поврзаност со „Исламска држава“

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Турција