Утрински Весник
Спорт

Руне со прво Мастерс 1000 полуфинале откако Алкараз се откажа

Руне со прво Мастерс 1000 полуфинале откако Алкараз се откажа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Данскиот тинејџер Холгер Руне се пласираше во своето прво Мастер 1000 полуфинале во кариерата, откако неговиот врсник, и светски број 1, Карлос Алкараз мораше да се повлече поради повреда во Париз.

dobivaj vesti na viber

19-годишниот Руне водеше со 6:3/6:6(3:1) пред Шпанецот да реши дека не може да продолжи поради повреда на стомачкиот мускул. Со овој пласман, Руне ќе скокне најмалку до 16. место на АТП-листата, негов најдобар пласман во кариерата.

„Мечот беше добар, но тој немаше среќа. Мислам дека игравме добро и бевме фокусирани“, вели Руне, кој во полуфиналето ќе игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, кој со 6:1/6:4 претходно го победи Американецот Френсис Тијафоу.

За Алакараз, пак, останува неизвесно дали ќе се опорави на време за АТП финалето во Торино.

„Се враќам дома и ќе одам на тестви да видиме што се случува. Денеска се мачев од почетокот и немаше шанси да продолжам. Не можев да сервирам, да удирам форхенд“, вели Алкараз.

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата