Утрински Весник
Спорт

Руд против Махач за титулата во Женева

20240525134932 Big 730x400 35.webp.webp

Седмиот тенисер во светот, Норвежанецот Каспер Руд, се пласираше денеска во финалето на АТП тенискиот турнир во Женева во кое за противник го чека Чехот Томаш Махач.

Руд го победи Италијанецот Флави Коболи (АТП-56) со 1:6, 6:1, 7:6 (7/4) и се пласираше во финалето, каде што ќе се обиде да ја освои третата титула по 2021 и 2022 година.

Полуфиналниот дуел меѓу Руд и Коболи беше одложен вчера поради дожд.

Во своето трето финале оваа година на земјена подлога, по Монте Карло и Барселона, Руд ќе игра со една од ѕвездите во подем, Махач, кој се пласираше во своето прво финале во кариерата победувајќи го вчера светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ.

Можете да прочитате

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација!