Утрински Весник
Балкан

РС ја усвои Декларацијата од Сесрпскиот сабор

20240702205102 Big 730x400 90.webp.webp

Народното собрание на Република Српска (РС) денеска, по целодневна расправа, ја усвои Декларацијата за заштита на националните и политичките права и заедничката иднина на српскиот народ, што претходно беше усвоена од владите на Србија и РС на Сесрпскиот сабор во Белград.

Декларацијата беше усвоена со 62 гласа „за“ и три гласа „против“.

Претходно, претставниците на владејачката коалиција одбија да ги прифатат амандманите на опозицијата со кои се бараше 9 јануари да остане Ден на РС, а не како што се наведува во Декларацијата, ден на создавањето на РС.

Претседателот на РС Милорад Додик на дебатата изјави дека Декларацијата е еден од историски најважните и, како што наведе, најмоќните документи на српскиот народ во целина.

„Декларацијата зборува за единството на српскиот народ и одговара на сите прашања и грижи од минатото и ни дава сила да продолжиме напред“, рече Додик во Народното собрание на РС.

Тој смета дека владите на РС и Србија и другите земји, каде што Србите можат да добијат поддршка, ќе изготват оперативни планови за спроведување на Декларацијата

Можете да прочитате

Ново видео од апсењето на Илир Мета: Од партијата се жалат бил удрен по глава од полициски службеници (ВИДЕО)

Птичји грип регистриран и во Националнен парк во Србија – Бил пронајден мртов лебед

Нови дојави за бомби во неколку училишта во Сараево: „Одреден број ученици не ја сфатија сериозноста на делото, ќе одговараат“