Утрински Весник
Спорт

Романија нема да игра против Косово затоа што не ја признава како држава?

Романија нема да игра против Косово затоа што не ја признава како држава?

Фудбалската репрезентација на Романија треба да игра против Косово во квалификациите за ЕВРО 2024, но државните власти велат дека тоа нема да се случи, затоа што не ја признаваат како држава.

dobivaj vesti na viber

Фудбалската федерација на Романија побара мислење од владата, а засега ставот е дека нема да се играат натпреварите.

„Косово не е призната држава од Романија. Мојот личен став е дека не треба да играме со Косово, па дури и ако тоа значи службен пораз од 3:0“, изјави поранешниот министер за надворешни работи на Романија, Теодор Мелескану.

УЕФА се залага да нема мешање на политиката во фудбалот, но при ждребот сепак имаше одредени „насоки“ дел од земјите кои се во конфликт да не бидат распоредени во иста група.

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ