Утрински Весник
Македонија

Родители од Скопје забележале повреди кај нивната ќерка, осомниечна е дефектолог која му држела приватни часови на девојчето

Две девојчиња нападнати пред основни училишта од соученици
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Родители од Скопје забележале повреди околу ушите кај нивната малолетна ќерка. Осомниечна е дефектолог која му држела приватни часови на девојчето и повикана на разговор од страна на полицијата.

dobivaj vesti na viber

„Н.П.(44) од Скопје пријавил дека на 18.03.2023 околу 16.30 часот неговата сопруга му кажала дека нивната малолетна ќерка имала повреди во пределот околу ушите, кои ѝ биле нанесени од Е.С.(36) – дефектолог од Скопје, која приватно ја ангажирале да држи часови на нивната ќерка“, соопшти МВР.

Со дефектологот бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од полицијата.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен