Утрински Весник
Македонија

Родител од протестот: Најодговорни за трагедијата во Кочани се Јавното обвинителство и министерот Тошковски

Screenshot 20250429 125608 gallery.jpg

На денешниот протест кој е организиран од семејствата на децата загинати во Кочани родителите дојдоа правдата за своите чеда да ја побараат пред Обвинителството во Скопје, а како што е предвидено истиот ќе продолжи кон плоштадот “Македонија” и ќе заврши пред македонското Собрание.

Претставници на семејствата на трагично загинатите деца со емотивни говори настапија пред зградата на Обвинителството со обвинение прво кон самото обвинителство и Јавниот обвинител, а прстот го вперија и кон МВР, односно министерот Тошковски како најодговорни за трагедијата во која 62 млади животи згаснаа, а повеќе од 170 се повредени и со големи шанси да останат физички и психички инвалиди до крајот на животот.


Можете да прочитате

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

Министерство за правда: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, бараме оставка