Утрински Весник
Спорт

Робињо „снимен“ меѓу протестантите во Бразил

Робињо „снимен“ меѓу протестантите во Бразил
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешната голема ѕвезда на светскиот фудбал, славниот Бразилец Робињо (38) присуствуваше на големите протести на улиците по поразот на Жаир Болсонаро во трката за претседател на Бразил.

dobivaj vesti na viber

Робињо своевремено важеше за голема ѕвезда на светскиот фудбал. Се предвидуваше дека тој ќе ја освои „Златната топка“, но парите му беа поважни во текот на кариерата.

Тој играше за Реал Мадрид, Манчестер сити и за Милан, а престојот во Италија му донесе затворска казна, на која беше осуден пред неколку месеци.

Робињо беше осуден за силување во 2013 година. Судот во Милано го осуди на девет години затвор, но и понатаму слободно шета по улиците на Бразил.

Италија побара негова екстрадиција. Но, бидејќи Бразил и Италија немаат договор за екстрадиција, поранешниот фудбалер без проблем ужива во богатството кое го стекна далеку од законот.

Сега Робињо реши да излезе на улица за да протестира. Тој го поддржуваше Болсонаро на улиците, но добро се маскираше за да не го препознаат масите.

Очигледно, тој се грижи и Болсонаро да остане на власт за да не се менуваат законите за екстрадиција, а за него победата на Лула е опасност.

Но, на протестите не успеа да се сокрие од сите. Неколку луѓе сфатија за кого се работи и успеаја да направат селфи со некогаш големата ѕвезда, сега осуден силувач.

Треба да се напомене дека Робињо е буквално заглавен во Бразил и не може да оди надвор од оваа земја. Малку се териториите каде што може слободно да гази.

Во случај на апсење во странство, тој автоматски ќе биде екстрадиран во Италија и на тој начин би завршил девет години зад решетки.

Можете да прочитате

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026

Новак Ѓоковиќ се повлекува од Здружението на професионални тенисери

Почина Милорад Косановиќ – 24info.mk