Утрински Весник
Магазин

Роберт Ретфорд: Носев штитници на пенисот за да се одбранам од Барбара додека снимавме секс сцени

Роберт Ретфорд: Носев штитници на пенисот за да се одбранам од Барбара додека снимавме секс сцени

Популарниот актер Роберт Ртфорд (86) открива дека имал проблеми поради Барбара Стрејсенд (80), па бил принуден да стави два генитални штитници пред првпат да легне во ист кревет со неа на снимањето на филмот.

dobivaj vesti na viber

Ова тој го раскажал во книгата „The Way They Were: How Epic Battles and Bruised Egos Brought a Classic Hollywood Love Story to the Screen“ која била објавена на 24 јануари.

Книгата содржи детали за продукцијата, снимањето, но и продукцијата на филмот од 1973 година која на Стрејсенд ѝ донела номинација за Оскар за најдобра главна глумица.

Хофлер наведува дека Редфорд се двоумел дали да ја прифати улогата во истиот филм со Барбара затоа што не ја сметал за сериозна актерка, а исто така сакал да се заштити со оглед на тоа дека во тој момент бил во среќен брак.

Таа пак, била воодушевена од физичката убавина на Роберт и била очајна од желба да се забавува со него, пишува во книгата. За време на снимањето носела и бикини, но сепак Редфорд носел два пара штитници за гениталии и се погрижил кадрите воопшто да не бидат жешки, да може да ги гледаат дури и деца.

Филмот бил снимен во периодот кога Редфорд имал 36, а Стрејсенд 30 години.

Книгата открива и дека актерот одбил во текот на снимањето на втората секс-сцена да ја изговори реченицата „Овојпат ќе биде подобро“ затоа што верувал дека ќе мислиат дека и во реален живот е лош во кревет.

Режисерот на филмот Синди Полак открил дека Барбара се заљубила во Роберт пред да почнат со снимање, иако тој веднаш и поставил граници.

Се вели дека ѝ рекола: „Доколку работиме заедно, мораш да знаеш дека сè што ќе ти кажам во соба ќе биде кажано затоа што јас сакам да знаеш. Не затоа што ти мислиш дека имаш некое право тоа да го знаеш“.

Но, како што се тврди во книгата на Барбара тоа ѝ била дополнителна мотивација затоа што таа сакала силни и арогантни мажи.

Сепак, и покрај тензијата зад камрите, филмот постигнал неверојатен успех, а кога се полемизирало за тоа дали ќе има продолжение, Редфорд не прифатил: „Барбара би го сакала тоа, но јас не“.

Можете да прочитате

Еве кои хороскопски знаци ќе добијат пари оваа година

Утрински Весник

Само едно седиште во авионите е посебно, има и зошто тоа е така

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик