Утрински Весник
Спорт

РК Вардар во четвртиот „шешир“ во извлекувањето на групите од ЛШ

20260626081516 big 730x400 23.webp.webp

Ракометарите на македонскиот првак Вардар по неколку сезони повторно ќе бидат дел од најквалитетното натпреварување Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ се сместени во четвртиот „шешир“ заедно со екипите на Архус, Цеље, Партизан, Криенс и Кристијанштад. Тоа значи дека ниту една од овие екипи не може да им биде ривал во групната фаза.


Според новиот формат 24-те екипи ќе бидат поделени во шест групи по четири екипи.

Во првиот „шешир“ се наоѓаат првите фаворити: Алборг, Барселона (европски првак), Нант, Магдебург, Веспрем и Спортинг.

Во вториот „шешир“ се: Монпеље, ПСЖ, Берлин, Мелсунген, ПИК Сегед и Киелце.

Третиот „шешир“ го сочинуваат: Загреб, ГОГ Гудме, Колштад, Висла, Порто и Динамо Букурешт.

Извлекувањето ќе се одржи во седиштето на ЕХФ во Виена.

Можете да прочитате

Еквадорскиот претседател го прогласи денешниот ден за национален празник

Нови шест натпревари на Мундијалот

Бразил против Јапонија, БиХ против САД, познати уште три пара во нокаут фазата на Мундијалот