Утрински Весник
Свет

Рим со засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти

Vatikan.png

Повеќе од 5.000 полицајци ќе бидат распоредени во Рим за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти на 18 мај, изјави префектот на Рим Ламберто Џанини, пренесува АНСА.

Џанини додаде дека ист број полицајци биле ангажирани и на неодамнешниот погреб на папата Франциск.


– За церемонијата на интронизација на понтифот очекуваме голем број верници, па ќе ги повториме безбедносните мерки од погребот на папата Франциск, рече Џанини по првата седница на Провинцискиот комитет за ред и безбедност по изборот на папата Лав Четиринаесетти.

Џанини објасни дека ќе бидат вклучени над 5.000 полицајци, кои ќе имаат специјализиран персонал за придружба и јавен ред, снајперисти, нуркачи, воздушна поддршка од военото воздухопловство и системи за спречување на дронови.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија