Утрински Весник
Македонија

Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони

20250510175836 big 730x400 10.webp.webp

Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектурата 2025 е вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони од вкупно 66 земји учеснички, според реномираниот портал Artribune, објави на Фејсбук министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Проектот Strada Brutalissima, под кураторство на доц. д-р Благоја Бајковски од Архитектонскиот факултет при УКИМ, отвора важен дијалог за архитектонското наследство, солидарноста и визијата за хумано општество.


„Овој павилјон не е само приказна за бетон и форми – тој е патување низ времето, меморијата и колективната надеж.“

Горди сме на сите вклучени во реализацијата на овој значаен проект кој достојно ја претставува Македонија на светската културна мапа!, напиша Љутков на Фејсбук.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија