Утрински Весник
Спорт

Рикардо ќе биде резервен возач во Ред Бул

Рикардо ќе биде резервен возач во Ред Бул

Даниел Рикардо повторно ќе има ангажман со Ред Бул. По неколку сезони поминати во Рено и Мекларен, Рикардо се враќа во австрискиот тим. Австралеиецот ќе биде резервен возач во Ред Бул.

dobivaj vesti na viber

Еден од главните луѓе на Ред Бул, Хелмут Марко, потврди за германски „Скај спорт“, дека Даниел Рикардо ќе биде резерва во Ред Бул следната година.

Поради лошите резултати во текот на оваа сезона, Рикардо го загуби местото во Мекларен за кој следната година ќе возат Ландо Норис и Оскар Пјастри.

„Рикардо ќе биде нашиот трет возач. Имаме многу спонзори и мораме да имаме специјални настани каде што некој треба да ги вози автомобилите. Секако дека е возач од висок калибар и најдобро е обучен за тоа“, изјави Хелмут Марко.

Лијам Лосон, кој на првиот тренинг возеше во Абу Даби наместо Макс Ферстапен, сега веќе нема да биде резерва во Ред Бул туку истата улога наредната година ќе ја има во Алфа Таури

Рикардо возеше за Ред Бул од 2014 до 2018 година, потоа се пресели во Рено. За францускиот тим возеше во 2019 и 2020 година, кога ја освои петтата позиција во генерални. Минатата сезона успеа да му донесе победа на Мекларен на трката за Глемата награда на Италија во Монца.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами