Утрински Весник
Македонија

Османи од Тунис: Итна потреба за преговори со цел враќање на мирот во Украина

Османи од Тунис: Итна потреба за преговори со цел враќање на мирот во Украина

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати на 43. сесија на министерската конференција на франкофонијата, која се одржува во Џерба, Тунис.

dobivaj vesti na viber

Пред своите колеги од земјите членки на Меѓународната организација на франкофонијата Османи реафирмира дека Северна Македонија ја осудува руската инвазија врз Украина, која претставува закана за мирот и меѓународниот поредок втемелен врз меѓународното право.

„Северна Македонија најостро ги осудува нарушувањето на демократијата, актите на тероризам, агресијата и сите форми на кршење на човековите права и принципите на Повелбата на Меѓународната организација на франкофонијата, како и Повелбата на Обединетите нации“, истакна Османи.

Министерот рече дека промоцијата на мирот и човековите права се врвен приоритет на земјата, особено поради фактот што набргу ќе претседава со Организацијата за безбедност и соработка на Европа.

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов

Усен демарш од МНР за бугарскиот амбасадор поради употреба на терминот „северно-македонски“

Абази негира влијание врз обвинителите по запирањето на случајот ТЕЦ Неготино