Утрински Весник
Магазин

Ретки близнаци слонови родени во Тајланд, добија благослов од будистички монаси

Fh.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Будистичките монаси во Тајланд денеска благословија слон близнаци, машки и женски, една недела по нивното тешко раѓање.

Нивната мајка, слонот Чамчури, роди близнаци на 7 јуни во камп во античката престолнина на Тајланд Ајутаја, популарна туристичка дестинација 80 километри северно од Бангкок, пренесува АП.

Раѓањата на близнаци слон се ретки, а машко-женските близнаци уште повеќе.

Тајландската влада соопшти дека тие се трета таква двојка во светот.

Според чуварот на слонови во споменатиот камп, второто слонче било родено 18 минути по првото.

„Махутите“, односно чуварите на слонови, морале брзо да реагираат за да ја спречат мајката случајно да го повреди своето бебе.

Еден од махутите, Шарин Сомванг, ја скршил ногата кога зачекорил меѓу мајката и нејзините бебиња за да ја спречи да го згази бебето.

Слоновите се голем дел од националниот идентитет на Тајланд и официјално се прогласени за симбол на нацијата.

Белиот слон, кој се сметаше за свет симбол на кралската моќ, беше на тајландското национално знаме до 1917 година.

Можете да прочитате

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка