Утрински Весник
Политички Партии

РЕС ја зацврстува лидерската позиција во снабдувањето со електрична енергија на приватниот сектор

РЕС ја зацврстува лидерската позиција во снабдувањето со електрична енергија на приватниот сектор

Компанијата РЕС (Renewable Energy Supply), во ко-сопственост на групацијата Централ Инвест, на македонскиот стопанственик Кочо Анѓушев и бугарската компанија КЕР Токi, по спроведената кампања во летните месеци, ја зацврсти лидерската позиција на пазарот и останува најголем снабдувач со електрична енергија на приватните фирми во земјата.

dobivaj vesti na viber

Само во овие три месеци, РЕС потпиша договори со нови 70 компании и сега снабдува преку 370 стопански субјекти, кои се економскиот двигател на македонското општество и кои преку РЕС ќе трошат околу 600 GWh електрична енергија годишно.

РЕС продолжува да креира понуди за снабдување според потребите на клиентите, а како огромна предност клиентите ја истакнуваат можноста снабдувањето да биде од обновливи извори на енергија, со што се заштитува животната средина и се обезбедува одржливост и стабилност во снабдувањето. Ова е особено важно затоа што зелената енергија е значаен чинител за извозно ориентираните фирми, каде на странските пазари како важен фактор се зема изворот на електричната енергија која имала удел во производството.

(ПР текст)

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт