Утрински Весник
Спорт

Репрезентативец на Шведска се бори за живот!

Screenshot 2024 02 27 131654.png

Шведскиот фудбалски интернационалец Кристофер Олсон, кој настапува за данскиот Мидтјиланд завршил во болница поради заболување на мозокот. Олсон, 28-годишниот шведски репрезентативец изгубил свест во својот дом во вторникот и бил пренесен во болница во градот Архус, каде докторите се борат за неговиот живот. Последните информации не се добри, бидејќи се наоѓа на респираторна поддршка и во кома.  Информациите за неговата здравствена состојба ги потврди и Мидтјиланд. „Олсон се здоби со акутно заболување на мозкот и тоа не е предизвикано од самоповредување. Сите во клубот сме погодени од ситуацијата и му пружаме максимална поддршка него и на неговото семејство“, објави данскиот клуб. Кариерата Олсон ја започна во Спеинет и Норкопинг, меѓутоа како младинец беше дел и од Арсенал, а откако не се наметна во англискиот гигант доби шанса во Мидтјиланд, потоа беше член уште на АИК, Краснодар и Андерлехт, додека се врати во Мидтјиланд во 2022 година. За репрезентацијата на Шведска има одиграно 47 натпревари.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига