Утрински Весник
Спорт

Рено ќе престане да произведува мотори за Формула 1 по 2025 година

20241001081732 Big 730x400 15.webp.webp

Компанијата Рено ќе престане да произведува мотори за Формула 1 по 2025 година, пишува „Autosport“.

Производствениот погон „Viry-Châtillon“ ќе биде претворен во центар каде што ќе се развиваат технологии за употреба во возилата на Рено и Алпин.

Во исто време, центарот ќе продолжи да работи на технологии за тркачки автомобили, вклучително и поддршка на програмата „Alpin“ во серијата „WEC“.

Се очекува од 2026 година Формула 1 тимот Алпин да користи мотори на Мерцедес.

Можете да прочитате

ОК Струмица се засили со браќата Ѓорѓиеви и Љафтов!

ФФМ ги казни Тиквеш, Башкими и Вардар Неготино

Дваесеттиот Скопски маратон со рекордни учесници од 55 земји