Утрински Весник
Свет

Рекордни 8,2 тона кокаин запленети во Колумбија

20250123075022 Big 730x400 13.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Колумбиските безбедносни сили запленија 8,2 тона кокаин во пристаништето на градот Буенавентура на пацифичкото крајбрежје, што претставува едно од најголемите количества запленета дрога во историјата на земјата, соопшти претседателот Густаво Петро, пренесува ДПА.

„Националната полиција заплени 8,2 тона кокаин во пристаништето Буенавентура,“ објави Петро на социјалната мрежа Икс. „Ова е една од најголемите заплени на кокаин во историјата на Колумбија.


Само овој месец полицијата заплени 24 тона.

“Минатата година во Колумбија беа запленети вкупно 848,5 тона кокаин, што е рекорден број и претставува зголемување од 14 отсто во однос на истиот период претходната година.

По Соединетите Американски Држави, Европа е најголемиот пазар за кокаин од Колумбија, Перу и Боливија, потсетува ДПА.

Во 2023 година, во европските пристаништа биле запленети над 300 тона кокаин, а само во Антверпен беа запленети рекордни 121 тон, што претставува зголемување од околу 10 отсто во однос на претходната година.

Можете да прочитате

Њу Делхи воведе строги мерки поради тешко загадување на воздухот

Хакерски напад врз француското МВР

Путин: Руската армија зазеде над 300 населени места во 2025 година