Утрински Весник
Спорт

Рекордна победа за Шифрин – Испиша историја во Светскиот куп

Рекордна победа за Шифрин – Испиша историја во Светскиот куп

Микаела Шифрин е најуспешната натпреварувачка во историјата на Светскиот куп во двете конкуренции. Неверојатната Американка, триумфираше во слаломот во Оре и ја постигна 87. победа во кариерата. Шифрин сега има една победа повеќе од легендарниот Швеѓанец Ингемарк Стенмарк.

dobivaj vesti na viber

Американката доминираше во Оре, особено беше импресивна во првата трка. По двете возења имаше за 92 стотинки подобар резултат од Швајцарката Венди Холденер, додека најниското скалило на подиумот и припадна на Ана Свен Ларсон, која заостануваше 95 стотинки зад победничката.

Микаела претходно го обезбеди малиот кристален глобус во слалом, седми во кариерата и петтиот голем кристален глобус наменет за победничката на Светскиот куп во генералниот пласман.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина