Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски се сретна со делегација на Националниот демократски институт – акцент на плановите за развој на Скопје како модерен, безбеден и инклузивен град

20260212125352 big 730x400 80.webp.webp

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со делегација на Националниот демократски институт (НДИ), предводена од вишиот резидентен директор Роберт Скот Хајзлет. На средбата присуствуваа и претставници на НДИ, како и универзитетски професор.

Во рамки на разговорите, делегацијата беше информирана за тековните проекти и активности на Град Скопје, како и за стратешките приоритети и идните планови насочени кон развој на Скопје како модерен, безбеден и инклузивен град, ориентиран кон потребите на граѓаните.

Посебен акцент беше ставен на досегашната успешна соработка меѓу Град Скопје и НДИ, при што беа разгледани можностите за нејзино понатамошно унапредување преку заедничка реализација на проекти и активности во повеќе области, со цел јакнење на демократските процеси и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост