Утрински Весник
Македонија

Регионална конференција за вино

D184d0b5d181d182d0b8d0b2d0b0d0bb d0bdd0b0 d0bcd0bbd0b0d0b4d0be d0b2d0b8d0bdd0be d0b2d0be d0bad0b0d0b2d0b0d0b4d0b0d180d186d0b8 63d6cad243a54.jpeg

Во организација на Здружението „Вина од Македонија“ и Германското друштво за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH), денеска во Скопје ќе се одржи Регионална конференција посветена на глобалниот пазар на вино и предизвиците со кои моментално се соочуваат винарниците.

Во текот на конференцијата, како што соопштуваат организаторите, ќе се дискутира и за „ниша-пазарите“ во Европа, како и за правните и техничките барања за извоз.

Во програмата се предвидени информативни сесии и работилници водени од лидери во индустријата и меѓународни експерти од Гајзенхајм Универзитетот во Германија, кои ќе дадат вредни сознанија за индустријата и трговијата со вино.

Можете да прочитате

Миноски: Нулта толеранција за корупција и крај на партизацијата – време е за нов систем

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа, минатиот месец бележи раст на патничкиот сообраќај од 34,8 отсто

МОН објави резултати од Конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови во академската 2026-2027