Утрински Весник
Спорт

Речиси милијарда евра ќе чини Националниот стадион на Србија

1659093615 Vucic Stadion Kombo02 750x500 1.jpg

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во мај оваа година, го постави камен-темелникот на Националниот фудбалски стадион во Сурчин, во југозападното предградие на Белград. Стадионот ќе биде од четврта категорија на УЕФА, а Вучиќ најави дека мора да биде готов до крајот на 2026 година.

Најавено е дека изградбата на стадионот кој ќе се наоѓа на 121 хектар земјиште ќе чини околу 257 милиони евра.

Сепак, како што покажува официјален документ на Фудбалскиот сојуз на Србија, изградбата би можела да чини четири пати повеќе.

„Даночните обврзници на тој начин добија увид во бројни важни информации кои претходно не можеа да ги знаат. Сега е јасно дека некои големи проекти ќе чинат значително повеќе отколку што беше првично најавено. Трошоците за изградба на Националниот стадион со придружните објекти сега се проценуваат на 112,4 милијарди динари (960 милиони евра)“.

Капацитетот ќе биде приближно 52 илјади седишта. Во рамките на стадионот ќе бидат изградени и трговски центар, фудбалска академија и музеј на Фудбалскиот сојуз.

Вучиќ изјави дека во 2028 година таму ќе се игра финалето на Лигата на Европа, второто најсилно европско натпреварување.

„Ќе оставиме народот да го избере името. Мојот предлог е да се вика Србија, но народот ќе гласа, луѓето се паметни. Овде не се работи само за стадионот, туку за квалитетот на животот на нашите луѓе, тоа ќе биде мсето каде родителите ќе ги носат своите деца, каде ќе го поминуваат своето време. Кога одите на НБА натпревар одите да се забавувате, тоа мораме и ние да го направиме“, изјави претходно Вучиќ и додаде: „За мене ова е живот, остварување на сонот“.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига