Утрински Весник
Македонија

Пожарот во „Македонски железници“ бил локализиран, но повторно се активирал, информираат од МВР

Pozar Vo Depo Na Zeleznica.jpg

Локализиран, па повторно активиран е пожарот кој избувна во хангар сопственост на „Македонски железници“ на границата меѓу општините Аеродром и Кисела Вода.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека синоќа во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје настанал пожар во хангар сопственост на „Македонски железници“.

Во хангарот имало неисправни стари вагони и локомотиви.

-Во 03.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал, велат од МВР.

На терен се противпожарни екипи кои работата на гаснење на пожарот.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче

Леон не беше поканет на роденден, но доби изненадување што го допре цело Скопје

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 160.000 евра и пожар па граѓаните останале без струја