Утрински Весник
Свет

Речиси идентична трагедија во 2013 година му се случи и на Бразил – во пожар во диско изгореа околу 250 млади луѓе

16553500 803.jpeg

Во 2013 година слична трагедија како на Кочани му се случи и на Бразил. Имено, во пoжар во дискотека во бразилскиот град Санта Мариа, според изјави на пожарникарите, загинале околу 245 луѓе, а стотици биле повредени.

Пожарот избувнал во раните утрински часови во дискотеката „Кис“ во градот Санта Мариа, во сојузната бразилска држава Рио Гранде де Сул. Ситуацијата била хаотична и непрегледна.


Пред дискотеката „Кис“ била собрана толпа луѓе, главно оние кои претпоставуваат дека меѓу настраданите има нивни роднини. Телевизиските екипи кои се
биле на местото на настанот зборувале за вистинска трагедија.

Причината за пожарот е од пиротехничко шоу на група на сцената. Огнот веројатно го зафатил материјалот за изолација на покривот, па се развиле отровни гасови. Потоа избила паника кај присутните, а дискотеката имала само еден излез. Таа инаку била предвидена да прими до 2.000 посетители, а колкумина биле таму таа вечер не се знае. Се знае само дека тоа била студентска забава. Пожарникарите до утринските часови извлекувале тела на загинатите од дискотеката. За изведување на акцијата морал да биде пробиен отвор во ѕидот на зградата.

„Јас веќе 40 години работам како пожарникар, но трагедија од вакви размери се‘ уште не сум доживеал“, изјавил тогаш еден од пожарникарите.

Повредените биле сместени во околните болници.

Видео

 

Можете да прочитате

Во поплавите во Нигерија загинаа повеќе од 150 луѓе, илјадници се раселени

Велика Британија од утре ја забранува продажбата на електронски цигари за еднократна употреба

Мал авион се урна во тераса од зграда во Германија, загина пилотот и уште едно лице