Утрински Весник
Свет

Речиси 700.000 мигранти во Либија чекаат можност да заминат во Италија, вели пратеник од партијата на Мелони

Речиси 700.000 мигранти во Либија чекаат можност да заминат во Италија, вели пратеник од партијата на Мелони

Пратеникот од владејачката партија Браќа на Италија, Томазо Фоти денеска изјави дека според информациите на италијанската разузнавачка служба, во Либија има околу 685.000 мигранти кои чекаат можност да го преминат Медитеранот кон Италија.

dobivaj vesti na viber

– Европа не смее да ја игнорира оваа ситуација, – додаде Фоти, а пренесува АП.

Минатата година во Италија преку Средоземното Море пристигнале околу 105.000 мигранти, а од почетокот на годинава до 10 март по истата рута во оваа земја пристигнале околу 17.600 мигранти.

Италијанската крајбрежна стража објави дека во последните денови спасила повеќе од 1.000 мигранти на југот на земјата.

Премиерката на Италија Џорџа Мелони се надева дека на состанокот на земјите од ЕУ овој месец ќе им биде понудена конкретна помош на земјите кои се борат со големиот прилив на мигранти кои пристигнуваат преку Медитеранот, имено, покрај Италија, Грција, Кипар, Малта и Шпанија се соочуваат со истиот проблем.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток