Утрински Весник
Свет

Речиси 17.000 Руси „побегнаа“ во Финска за време на викендот

Голем број Руси влегоа во Финска по наредбата за делумна мобилизација, земјата најави ограничување на бројот на руските државјани

Речиси 17.000 руски граѓани ја преминале границата со Финска во текот на викендот, што е за 80 отсто повеќе од една недела претходно, соопштија денеска финските власти.

dobivaj vesti na viber

Финската гранична служба за Ројтерс изјави дека граничниот сообраќај е олеснет рано утринава, но сообраќајот и понатаму е поголем од претходните недели.

Наредбата за делумна мобилизација во Русија предизвика протести низ Русија, апсења на демонстранти и заминување на руски граѓани од таа земја,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД