Утрински Весник
Свет

Речиси 15.000 туристи ги напуштија Хаваите

Речиси 15.000 туристи ги напуштија Хаваите

Пожарникарите продолжуваат да ги гаснат и контролираат пожарите низ островот на округот Мауи на Хаваи, се вели во соопштение од Владата, пренесува Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се додава дека вчера 14.900 посетители заминале со летови кои поаѓаат од Мауи.

Шест засолништа за итни случаи остануваат отворени низ островот, додека посетителите кои сакаат да го напуштат Мауи се замолени да резервираат лет со авиокомпанија.

Досега стотици жители и туристи се уште се водат како исчезнати поради пожарите кои го зафатаија овој реон, а сателитски снимки покажуваат дека брегот на островот е целосно уништен.

Можете да прочитате

Демонстрантите го блокираа Лувр во Париз, туристите не можат да влезат во музејот

Драма на летот Тел Авив – Виена: Закана со бомба го принуди пилотот да слета во Софија

Најмалку едно лице загина, тројца се повредени во рускиот напад врз Киев