Утрински Весник
Спорт

Реал во судиското продолжение ја кутна Барса која на двапати водеше на „Бернабеу“

43512077311936014187134243688664622987247726n.png
Img 5587

Реал Мадрид ја победи Барселона (3:2) во вечното Ел Класико на „Сантијаго Бернабеу“ одиграно во рамките на 32. коло од шпанската фудбалска Ла Лига. „Кралевите“ до триумфот стасаа во судиско продолжение откако Барселона на двапати имаше водство на „Бернабеу“. По овој триумф, Реал Мадрид сега има 11 бодови пред актуелниот првак Барселона кој може да се прости од одбраната на титулата. Кристенсен ја отвори серијата голови со погодок по само пет минути кога погоди со глава. Реал Мадрид брзо возврати и тоа со гол од пенал преку Винисиус Јуниор, откако во шпеснаесетникот беше фаулиран Лукас Васкес. Во првото полувреме имаше и една спорна ситуација која ќе биде доста актуелна и за ова „Ел Класико“. Барселона бараше погодок за 2:1, но ВАР системот реши дека топката не поминала со целиот обем низ гол-линијата. Во 30. минута Ламин Јамал биеше по корнерот од десната страна, Лунин интервенираше, но откако топката мина дел или со цел обед преку гол-линијата. Со оглед на тоа што во Ла Лигата нема гол-технологија, во ВАР-собата ги прегледуваат репетициите од камерите на ТВ-преносот и голот не беше признат. Во второто полувреме Барселона стигна до ново водство прекиу Феран Лопес во 69 минута, а три минути подоцна Васкес израмни на 2:2. Комплетниот пресврт се случи во 90+1 минута кога Џуд Белингам погоди за 3:2.

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари