Утрински Весник
Спорт

Реал на Модриќ ќе му понуди нов договор

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Светски познатиот шпански дневен весник „АБЦ“, објави дека Реал Мадрид на Лука Модриќ ќе му понуди продолжување на договорот без разлика што тој ќе наполни 38 години следниот септември. Истиот извор наведува дека нов договор ќе добие и Тони Крос кој во јануари полни 33 години.

dobivaj vesti na viber

Модриќ е во Реал од 2012 година, а клубот за кој одигра 454 натпревари во последните години му го продолжува договорот за една година поради неговите години. Секако, Модриќ со одлични игри ги заслужи сите тие продолжувања на соработката во ветеранските години, но доколку му биде понуден нов договор на крајот од оваа сезона, тоа навистина ќе биде раритет кога е во прашање „кралскиот клуб“.

Мора да се признае, Модриќ оваа сезона игра како во своите најдобри денови, но годините си го прават своето. „АБЦ“, пишува дека затоа Џуд Белингам е главната цел на Реал, во летниот преоден рок. Феноменалниот Англичанец налето полни 20 години, а во 2020 година од Бирмингем се пресели во Борусија Дортмунд за 25 милиони евра и со тоа стана најскапиот 17.годишник во историјата на фудбалот. Три години подоцна Реал ќе мора да му плати помеѓу 120 и 150 милиони евра, доколку сака да го реализира трансферот.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ