Утрински Весник
Спорт

Реал Мадрид по негатива од 0:2 успеа да ја совлада последно пласираната Алмерија

IMG

Реал Мадрид ја победи Алмерија во денешниот натпреварот од 21. коло на Ла Лига – 3:2. Средбата се одржа на „Сантијаго Бернабеу“.

Мадриѓаните примија два гола во првото полувреме. За гостите погодија Ларжи Рамазани и Едгар Гонзалес.

Во вториот дел Реал изедначи преку Џуд Белингем и Винисиус Жуниор. Во 78. минута Белингем ги доведе Мадрид во предност, но голот беше поништен по интервенција на ВАр. Сепак во 90+9. минута погоди Дани Карвахал за триумф на домаќините.

По 21 коло, Реал собра 51 бод и е лидер во Ла Лига. Алмерија остана на шест бода на последното 20. место

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград