Утрински Весник
Македонија

Реакција на ДУИ за разгледувањето на уставноста на Законот за употреба на јазиците

Dui.webp.webp

„Уставниот суд на Северна Македонија одлучи на 11 декември да ја разгледува уставноста на Законот за употреба на јазиците – еден од клучните столбови на Охридскиот рамковен договор и меѓуетничката хармонија. Секој обид за укинување на било која одредба од овој закон не е само правен чин, туку претставува директен удар врз стабилноста и мирот кои оваа земја ги изгради со многу жртви“, велат од ДУИ.

„Понатаму, уставните судии од албанска етничка припадност јавно изјавија дека ќе ја бојкотираат оваа седница и одлучување, што го прави уште поопасно еднострано решение за укинување на одредбите од Законот за јазиците. Овој бојкот е јасен показател дека ваквите напори за укинување на 10 члена од овој закон имаат длабоко дискриминаторска природа и целат на „поништување“ на албанскиот јазик на институционално ниво.

Овој закон е производ на сложен компромис, постигнат по години на макотрпни преговори и претставува темел на меѓуетничката еднаквост и взаемната почит. Одлука која би го загрозила овој закон би претставувала тешко кршење на Охридскиот договор и враќање назад кон неизвесна и нестабилна иднина.

Демократската унија за интеграција го смета овој момент за клучна точка, каде секој чекор што има за цел да ја наруши оваа деликатна рамнотежа претставува премин преку Рубикон. Ако еднаш оваа линија се премине, нема враќање назад! Доколку Уставниот суд одлучи да ги уништи постигнувањата на Охридскиот договор, последиците ќе бидат непоправливи, а ние не можеме да преземеме одговорност за тоа што може да се случи потоа.

Упатуваме апел до граѓаните, политичките лидери и меѓународната заедница веднаш да дејствуваат за да го спречат овој чин кој ја загрозува стабилноста на земјата и регионот. Албанците и сите заедници кои веруваат во правда и еднаквост не можат да молчат пред оваа закана.

Ова не е момент за останување индиферентен. Ова е момент за избор на вистинската страна на историјата. Ќе направиме сè за да го заштитиме мирот и стабилноста, но одговорноста за последиците ќе биде на оние кои избраа да го предизвикаат и да ја загрозат иднината на земјата!“, соопшти ДУИ.

Можете да прочитате

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

Груби се повлекува од јавниот живот

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити