Утрински Весник
Македонија

АХВ: Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Pazar.webp.webp

Сто деведесет и два (192) вонредни надзори во малопродажни објекти – мини маркети и продавници за храна, спроведоа минатата недела инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство.

Контролирана беше исполнетоста на хигиенските барања за безбедност на храната, здравствени барања за вработените лица, температурниот режим на чување на храната, како и дефинираните рокови на трајност на производите, велат од АХВ.

Со контролите утврдено е дека 12 од нив воопшто не биле регистрирани во Агенцијата како оператори со храна, во 9 објекти вработените лица немале извршено задолжителни здравствени прегледи, кај исто толкав број оператори, не задоволувале хигиенските барања за безбедност на храната.

За утврдените недостатоци, издадени се вкупно 30 решенија со наредени мерки за нивно отстранување, а изречени се и 23 парични казни.

Уништени се триесеттина килограми небезбедни производи (замрзнато месо, млечни производи, преработки од месо) и над 66 литри јогурт, додаваат од АХВ.

Можете да прочитате

Министерот за европски прашања Муртезани во посета на Варшава и Киев

Власта опстојува на уставни измени со одложено дејство, евроинтеграцијата една од темите на средбите во САД

За големиот Христијански празник, Богојавление – Водици – Многу студено наутро, преку ден сонце, а по котлините магла!