Утрински Весник
Магазин

Реџе Жан Пејџ e најубав маж на светот, вели науката

Реџе Жан Пејџ e најубав маж на светот, вели науката

Ѕвездата на „Бриџертон“, Реџе Жан Пејџ, кој во 2021 година преку ноќ стана сензација кога беше објавена првата сезона од популарната серија на „Нетфликс“, е најубав маж на светот, според научното истражување Златен сооднос.

dobivaj vesti na viber

34-годишниот Британец го глумеше војводата од Хестингс и за многу кратко време доби милиони следачи на „Инстаграм“, а дел од популарноста секако може да се припише на сега веќе познатата секс-сцена во петтата епизода со колешката Фиби Диневор.

Тој еднаш призна дека жешките сцени во „Бриџертон“ му донеле и малку непријатност подоцна.

„Во групата ‘Вотс-ап’ го предупредив целото семејство за петтата епизода, но заборавив на една братучетка. Одеднаш почнав да добивам нејзини пораки: многу пати за време на гледањето морав тактички да одам да сварам чај, но кога се враќав, сцената сè уште траеше… Морав повторно да ја зовривам водата“, му откри тој на Џими Фалон што му напишала братучетката во една прилика.

Сцените дури завршија на сајтови за возрасни.

Набргу потоа почна да се споменува како фаворит за улогата на Џејмс Бонд. „Ако сте Британец и ви оди добро, тогаш луѓето почнуваат да го кажуваат зборот Б“, рече тој коментирајќи ги шпекулациите дека може да го замени Даниел Крег.

Денес на Инстаграм го следат 6.5 милиони луѓе, а во 2023 година гледачите ќе можат да го гледаат во најавениот хит Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves.

Според златниот пресек или совршен сооднос, Реџе-Жан Пејџ има најсовршено лице бидејќи постигнал највисока оценка за растојанието меѓу очите. Исто така, само поставувањето на очите му донесе висока оценка на скалата на совршенство. „Тој има класично згодно лице и прекрасни кафени очи. Неговите совршено обликувани усни исто така постигнаа високи резултати, а единствениот помал резултат е ширината и должината на неговиот нос“, се заклучува.

Севкупно, тој има 93.6 проценти совршен сооднос.

Можете да прочитате

Една порција – само 16 калории, а го намалуваат ризикот од рак и срцеви заболувања

Минералните креми за сончање се најдобрата опција за чувствителна кожа

Маслиновото масло би можело да помогне во борбата против деменцијата, покажа  нова студија