Утрински Весник
Македонија

Расчистено намерно опожарување автомобил во Скопје, постапка против едно лице

Pozar 334.jpg

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице осомничено за кривично дело – Предизвикување општа оапсност по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 16 октомври, на улицата „Народни херои“ во Скопје, со бензин предизвикал пожар на паркиран автомобил во сопственост на друго лице. Бензинот го носел во пластично шише, го полеал автомобилот и го запалил, а со тоа предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето.


Бидејќи постои опасност од бегство, но и веројатност осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да биде определена мерка притвор.

Можете да прочитате

Мотоциклист настрада по сообраќајка во центарот на Скопје

СДСМ: Мицкоски повторно му диктира задачи на Обвинителот – Савески треба да си поднесе оставка

Нападнати полицајци на Бит Пазар и во Кисела Вода