Утрински Весник
Македонија

Раководството на Алијанса за Албанците крилото на Таравари поднесе колективни оставки

Taravari.webp.webp

Раководството на Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, на својата последна седница едногласно одлучи да поднесе колективна оставка пред Собранието и конгресот на партијата.

Од партијата соопштуваат дека одлуката е донесена со цел организациско освежување, вклучување на нови кадри и спроведување длабоки и сеопфатни реформи, кои имаат за цел понатамошно зајакнување на политичкиот профил и внатрешното функционирање на Алијансата за Албанците. Одлуката исто така доаѓа како рефлексија на резултатите од локалните избори.

„Управувањето со партијата, до одржувањето на Собранието и конгресот на партијата, ќе го извршува претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, додека Собранието на партијата официјално ќе ги констатира оставките“, нагласуваат од АA.

Според статутарните рокови, Собранието на партијата се очекува да се одржи во средината на февруари, додека конгресот на партијата најдоцна до есента годинава.

Извор ТВ21

Можете да прочитате

Идната недела ќе се знае кога почнуваат протестите на ССМ

Тестирање на сообраќајните камери во Скопје од 20 до 31 јануари

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје